Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Десет во Бугарија, девет во Турција, пет во Србија и тројца во Грција – 27 пациенти се транспортираат во болници во соседството

/

пред 585 дена

Сподели преку :

Дваесет и седум повредени во пожарот во Кочани ќе бидат транспортирани во здравствени установи во соседните држави. Министерството за здравство информира дека се организира авионски транспорт за најтешко повредените во пожарот.

Петмина пациенти се упатуваат на лекување во Бугарија од кои двајца се од хируршката клиника „Свети Наум Охридски” и тројца од ТОАРИЛУЦ. Во Турција на лекување ќе се упатат тројца пациенти од ТОАРИЛУЦ и шест од ГОБ ,,8 Септември”. Исто така, за Грција со возила на ИМП се транспортирани тројца пациенти од ТОАРИЛУЦ.

Со возила на ИМП ќе бидат транспортирани уште петмина пациенти за Бугарија и пет за Србија.