Сериозни пропусти во безбедноста на дискотеката „Пулс“ се првичнните резултати од истрагата по пожарот во Кочани. Во тек се рочишта за определување притвори, велат од обвинителството за Телма.
Поранешниот министер за економија Крешник Бектеши и останатите приведени за кои се бара краткотраен притвор ноќта ја поминале во повеќе полициски станици во Скопје и во Кочани.
Бектеши бил повикан на информативен разговор и досега немало никаква друга правна квалификација, ни рече неговиот адвокат.
Одговорност за пожарот се бара кај 15 луѓе кои се под истрага. За 10 од нив обвинителот побара притвор. Првоосомничен е организаторот на синоќешната забава.
Повеќе од 20 осомничени за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани











