Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Полициски началници од МВР испратени на местото на седум разрешени началници во Штип и Кочани

/

пред 583 дена

Сподели преку :

Од МВР за Телма потврдија дека со одлука на министерот се разрешени 7 началници во штипската и кочанската полиција. Разрешени се началникот и помошник началникот на СВР Штип, началниците на одделенијата за полиција и криминалистичка полиција во Штип, како и началниците на ОВР Кочани, на полициската станица во Кочани и на криминалистичката канцеларија во градот во кој минатиот викенд се случи трагедијата со пожарот.

Од МВР велат дека на нивно место се поставени началници од МВР од Скопје додека трае истрагата за пожарот во дискотеката Пулс за да се разјаснат сите околности на полициското постапување.

Разрешени се:

  1. Началник на Сектор за внатрешни работи Штип
  2. Помошник началник на СВР Штип
  3. Началник на Одделение за полиција Штип
  4. Началник на Одделение за криминалистичка полиција Штип
  5. Началник на Одделение за внатрешни работи Кочани
  6. Командир на Полициска станица од општа надлежност Кочани
  7. Началник на Надворешна канцеларија за криминалистички работи Кочани.