Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Неприфатливо е искористување на жртвите за лична промоција – реакција на Независното здружение на новинари на Србија за посетата на Вучиќ на повредените од Кочани

/

пред 565 дена

Сподели преку :

Независното здружение на новинари на Србија со порака дека е неприфатливо искористување на жртвите за лична промоција, осудувајќи ја посетата на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на повредените во пожарот кои се лекуваат таму.

Вуќиќ беше придружуван од голем број новинари, сниматели и фоторепортери. Независното здружение на новинари на Србија упати остри критики за постапката на српскиот претседател, која освен што е етички неприфатлива, потенцираат и дека ги загрозува животите на тешко повредените.

„Александар Вучиќ реши да ги искористи жртвите од пожарот за своја промоција. Овој пат заедно со новинарите реши да оди на „визита“ и наместо надлежните во Клиничкиот центар на Србија, да ја информира јавноста и семејствата на повредените за нивната здравствена состојба“ стои во соопштението на Независното здружение на новинари на Србија.

Од здружението прашуваат и кој ја дозволил посетата.