На уште едно лице му е определен краткотраен притвор од 48 часа во врска со трагедијата во Кочани со што вкупниот број на лица опфатени со оваа мерка се искачи на 17 лица. На дел од оние кои им е изречена оваа мерка, вечерва им истекуваат 48-те часа. Според законските прописи, обвинителството може да бара уште еден од 48 часа, а потоа мора да биде одреден 30-дневен притвор.
Меѓу притворените на кои им е изречен 48-часовен притвор се и поранешниот министер за економија Крешник Бектеши и поранешниот директор на Пазарниот инспекторат Горан Трајковски.











