Владата во координација со министерството за внатрешни работи (МВР) и во консултација со Здружението на новинари (ЗНМ), како и со Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), ги утврдија протоколите за безбедност при известување од погребот на жртвите од трагичниот настан во Кочани.
Претставниците на медиумите ќе бидат сместени во зона на 300 метри оддалеченост од влезот на капелата до градските гробишта во Кочани. На оваа зона важи забрана за дронови.
Целта на овој протокол е да ја заштити приватноста на семејствата на жртвите, додека истовремено овозможува новинарите и снимателите безбедно да го следат настанот од соодветна дистанца.











