Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

МОН забрзано подготвува програма за онлајн –настава

/

пред 2279 дена

Сподели преку :

МОН подготви документ за „образование од далечина“ . Најавите за посилен и поголем бран на корона вирусот на есен , ја забрзаа работата на образование ,па така Македонија за прв пат ќе добие и официјален концепт за онлајн  настава, изнуден од пандемијата, поради која три месеци родителите беа и во улога на наставници, децата учеа од дома и ги  оценуваа онлајн.  Документот е на 66 страни, но сепак наставниците и невладините добија рок од неполна недела и до петок треба да ги испратат своите забелешки и препораки.

Од МОФ кој заедно со повеќе организации од земјава го следеа учењето во доба на ковид 19, велат дека мора да се реши проблемот на семејствата кои немаат доволно компијутери за учење, дека на наставниците и професорите треба да се обучат за да можат да предаваат онлајн.

Инаку , училиштата и факултетите  беа затворени на 11 март, а за сега нема најава кога повторно учениците ќе седнат во клупа.

Теодора Цветковска