Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Македонија против Лихтенштајн ќе игра во црни дресови во спомен на загинатите во трагедијата во Кочани

/

пред 562 дена

Сподели преку :

Македонската фудбалска репрезентација утре во Вадуц против Лихтеншајн на теренот ќе истрча со црни дресови во спомен на 59-те жртви по трагичната несреќа што се случи во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани на 16-ти март.

Натпреварот помеѓу Лихтенштајн и Македонија во рамки на 1.коло од квалификациите за Светското првенство 2026 година се игра утре со почеток од 15 часот.

Македонските навивачи, кои ќе бидат на трибините на стадионот во Вадуц, преку социјалните мрежи апелираат да се носи црна облека и да го нема традиционалното навивање со тапани. Навивачите да носат со себе само македонски знамиња и шалови.

ФОТО: Игор Паневски