Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Едночасовен молк во Грција за жртвите во страотниот пожар во Кочани

/

пред 579 дена

Сподели преку :

Еден час молк во Грција за 59-те жртви во страотниот пожар во дискотеката на смртта во Кочани. Студенти од Македонија се собраа на плоштадот „Аристотелус“ во Солун, со црни балони во рацете и плакати со испишани имиња на загинатите.

Плоштадот замолкна на 60 минути, по една минута за секој згаснат живот во пожарот, вклучително и на возачот на брзата помош кој дента 11 пати возел на релација Кочани – Скопје за да спаси што е можно повеќе повредени.

Студентите од собирот изразија сочуство до семејствата и побараа казна за виновниците за несреќата.