Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Двајца поранешни градоначалници на Кочани и уште 10 осомничени лица во затворот во Куманово

/

пред 579 дена

Сподели преку :

Двајца поранешни градоначалници на Кочани се наоѓаат во казнено-поправната установа Затвор Куманово, информираа денеска надлежните од затворот.

„Во моментот, во КПУ Затвор Куманово се наоѓаат 12 лица осомничени за трагичниот настан во Кочани. Помеѓу нив се и двајца поранешни градоначалници на Кочани“, информираа од затворот.

Вчера, ЈОРСМ информираше дека Основното јавно обвинителство Кочани донело наредба за спроведување истражна постапка против 27 физички и три правни лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле-тешки дела против општата сигурност од член 292 во врска со член 288 од Кривичниот законик.