Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Избегал од психијатриската болница во Демир Хисар и пукал во социјална работничка од ЦСР Прилеп

/

пред 576 дена

Сподели преку :

Социјална работничка е ранета попладнево  на своето работно место во Центарот за социјални работи во Прилеп од страна на 50-годишен маж, кој пред 4 дена побегнал од Психијатриската болница во Демир Хисар.

Тој со пиштол ја застрелал 36 годишната социјалана работничка во стомакот, по што таа веднаш е префрлена во Прилепската болница, од каде велат дека жената е надвор од животна опасност,  со влезно излезна прострелна рана, но, во стабилна состојба.

-Има прострелна рана, но нема зафатено витални органи. Повредата е поткожна во долниот дел од десен хемиторакс, изјави др. Кире Јоноски, директор на Општа болница Прилеп.

Настанот  се случил нешто пред 14 часот денеска, кога 50-годишниот  маж, кој побегнал на 20-ти март од Психијатриската болница во Демир Хисар, влегол во Центарот за социјални работи во Прилеп, вооружен со пиштол и нож. Ја побарал токму 36-годишната социјална работничка и веднаш стрелал во неа.

Полицијата веднаш излегла на местото на настанот при што лицето  е лишено од слобода.

Тој и претходно е осудуван за кривични дела сторени врз истата жртва – еднаш на 1 година и 3 месеци задолжително лекување во Психијатриската болница од каде избегал, а другата казана е затворска, но предметот е се уште во битолска Апелација.

Од битолската полиција соопштија дека работат на расчистување на случајот.

Емилија Мисирлиевски