Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Петте најголеми синдикати во Србија дадоа поддршка за студентите во блокада

/

пред 558 дена

Сподели преку :

Петте најголеми синдикати во Србија соопштија дека ги поддржуваат студентите во нивните барања. Во соопштение објавено денеска по средба одржана во саботата се нагласува дека лидерите на тие синдикати за првпат по подолго време дејствуват заедно.

„Обединетите синдикати на Србија „Слога“, заедно со Конфедерацијата на автономни синдикати на Србија, Обединетите гранкови синдикати – Независност, Здружението на слободни и независни синдикати и Конфедерацијата на слободни синдикати, учествуваа на заедничкиот состанок одржан во саботата, на 22 март, на Филозофскиот факултет во Белград, на повик на студентите во блокада“.

Целта е заеднички да работат на измените на Законот за работни односи и Законот за штрајкови. Донесена е одлука за заедничко синдикално дејствување, како и за формирање работна група од правници што ќе работи на конкретни предлози и усогласување на синдикалните барања.

Првиот состанок на работната група ќе се одржи на крајот на оваа недела во просториите на Правниот факултет на Универзитетот во Белград.

„Во оваа прилика уште еднаш ја изразуваме нашата јасна поддршка на студентите во сите нивни барања“, соопштија од Слога.