Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Новиот состав на Бундестагот денеска ќе заседава за првпат

/

пред 573 дена

Сподели преку :

Новиот состав на германскиот Бундестаг денеска ќе се состане за првпат. Новите пратеници, кои беа избрани на парламентарните избори на 23 февруари, се очекува да изберат претседател на Бундестагот.

Традиционално, претседателот на долниот дом на германскиот парламент станува претставник на најголемата пратеничка група, која во сегашниот состав на парламентот е Христијанско-демократската унија и нејзината сестринска партија од покраината Баварија, Христијанско-социјалната унија.

Претседателот на Бундестагот е втор по важност во германската државна хиерархија по сојузниот претседател.