Денес 12 пациенти кои се лекуваа во болниците во земјава заминуваат на дома, а во болниците во земјава ќе останат да се лекуваат 27 пациенти. Исто така во странство продолжуваат да се лекуваат 115 пациенти, изјави денес минисерот Арбен Таравари.
„Имаме една добра вест, најверојатно еден од нив денеска се враќа од Белград за понатамошно лекување во Скопје. Пациентот е во добра општа состојбa. Ќе биде направена тријажа и ќе биде сместен во една од клиникте во Клиничкиот центар“ рече Таравари.
Состојбата на 4 до 5 пациенти коишто се надвор од државава и натаму е посериозна и оти кај некои од нив се бележи и влошување рече министерот за здравство.
„Нашите колеги, таму каде што се лекуваат, се обидуваат да дадат максимум од себе за да можат да го поминат овој тежок период за нив“, рече Таравари.











