Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Шанса за поправен за угостителите

/

пред 576 дена

Сподели преку :

Да им се даде дополнителна можност и време на угостителите и другите стопански субјекти да ги поправат грешките во работењето е суштината на идејата за Мораториум поради енормно бројните пропусти констатирани од страна на пазарната инспекција, објасни премиерот Мицкоски.

Сепак, останува нејасно на кој начин ќе се изведе овој Мораториум – дали со суспензија на закони и законски акти. Нејасно е и дали тие за кои сега е констатирано дека работеле без да ги исполнуваат ќе бидат и дополнително казнети. А не се знае ниту колкав ќе биде и временскиот период во кој треба да ги отстранат недостатоците.

Само во угостителството, вчера во 116 вонредни надзори, 10 правни субјекти добиле решение за привремена забрана. На 15 им е одземена лиценцата, а издадени се и 59 прекршочни платни налози. Од тука се отвораат неколку дилеми – што ќе значи тој Мораториум во однос на ваквите констатирани состојби и дали тоа ќе биде простување за лошо работење или таканаречена амнестија.

Изминативе денови откако се спроведуваат вонредните контроли, од надлежните постојано слушаме дека има недостаток на кадар во инспекторатите. Од друга страна, според годишниот план за работа на ДПИ, не се предвидени нови вработувања. Нема ниту кој да ги замени и оние кои заминуваат во пензија.

Исто така, и според Реформската агенда од планот за раст до јуни 2025 година, треба да се зголеми бројот на инспектори во пазарен и во трудов инспекторат. Премиерот, пак, тврди дека се ќе било завршено.

Ирена Чачкова