Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

По нападот на социјалната работничка во прилепскиот Центар за социјална работа, УПОЗ бара заштита на социјланите работници

/

пред 575 дена

Сподели преку :

Со закани дека ќе бидат избркани од работа, директорите на некои Центри за социјална работа им забраниле на вработените  да излезат на мирен протест и да дадат поддршка на нивната колешка од Прилеп која завчера беше застрелана на работното место,  тврдат од УПОЗ.

Претседателот, Трпе Дејановски, денеска наместо со  вработените, сам се појави на прес конференција и уште еднаш ја повтори потребата  од  заштита  на вработените во Центрите за социјална работа поради специфичната дејснот  која ја извршуваат, барање кое, вели  постојано го упатуваат до Властите

Сакам да ги охрабрам дека за правата  на работниците не треба да се молчи, за правата  на работниците треба да се бориме. Никој ништо не може да им направи и никој не може да ги избрка од работа доколку сакаат да заштитат нивни колега. Треба да се знае дека Центрите за социјална работа се специфична група на вработени, и секогаш работат со најмаргинилизираната група граѓани во општеството и секогаш се изложени на голем ризик, а она што се лсули во прилеп беше кулминација на сите напади досега, вели Трпе Дејановски, претседеател ан УПОЗ.

Министерството за социјална политика преку соопштение  се огласи два дена по немилиот настан  со осуда за секое насилство врз  вработените во центрите за социјалана работа и соопшти дека веќе се преземаат мерки за физичко обезбедување на сите установи во нивна надлежност.

Оваа постапка е во завршна фаза, а наскоро ќе биде објавен и јавниот оглас за јавна набавка, соопштија од Министерството а тоа го потврди и нивни  претставник  на прашањето кое го упати Телма денеска.

Секој Центар за социјлна работа ќе има физичко обезбедување додека трае работното време. Оваа година за првпат сме во постапка  за отворање на оглас за јавна набавка. А кратко време секој Центар  ќе има физичко обезбедување и на, изјави Метин Лимани, Министерство за социјална политика, демографија и млади.

Социјална работничка од прилепскиот Центар за социјална работа беше застрелана  во понеделникот од корисник на услугите на оваа установа, кој пред неколку дена избега  од психијатриската болница во Демир Хисра.

Тој се појавил во Центароат со пиштол и пукал низ ходниците, канцелариите, ја застрелал во стомакот службеничката која подолго време ја демнеел, а на нишан ги држал вработените и директорот.

Нему му е одреден притвор и ќе одговара за обид за убиство и поседување пиштол без дозвола, а социјалната работничка  е надвор од животна опаснсот и се лекува во прилепската болница.

Емилија Мисирлиевски