Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Собранието со појаснување – пратениците се активни и посветени на законодавните процеси

/

пред 575 дена

Сподели преку :

Собранието со појаснување во врска со реакциите за неодамнешната одлука за одложување на активностите на Собранието минатата и оваа недела, велат- пратениците работеа и продолжуваат да работат.

„Откажани се пленарните седници, комисиите и неколку други настани за кои е потребно присуство на медиумите. Оваа одлука е донесена консензуално со сите координатори на пратеничките групи, на координативната средба, во знак на солидарност по трагедијата во Кочани и за изразување почит кон жртвите“, се вели во соопштението.

Од таму допонуваат дека сепак, работата на Собранието и пратениците продолжува во други вообичаени форми, вклучително и координација меѓу пратениците и пратеничките групи, ангажирање во подготовката и разгледувањето на предлог законите, како и состаноци на различни нивоа.

Од Собранието додаваат дека пратениците се активни и посветени на законодавните процеси.