Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Петмина од пациентите испратени на лекување во странство вечерва се вратија во Македонија

/

пред 567 дена

Сподели преку :

Петмина од повредените кои беа испратени на лекување во странство, вечерва се вратија во Македонија. Станува збор за еден пациент кој беше на лекување во Грција, и уште четворица пациенти од Шпанија.

Министерот за здравство Арбен Таравари, кој заедно со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски го пречекаа пациентот на Скопскиот аеродром,  изрази надеж дека по 24-часовен престој, откако ќе бидат направени токсиколошките испитувања, Ангел ќе биде пуштен на домашно лекување.

За четворицата пациенти кои се лекуваат во странство и се во критична состојба, министерот информираше дека кај нив нема промени.

Министерот за надворешни работи најави дека и во текот на утрешниот ден се очекува враќање на дел од пациентите кои се лекуваат во странство.