Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(видео)Земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Мјанмар- засега нема информации за жртви

/

пред 565 дена

Сподели преку :

Земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Мјанмар, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), додавајќи дрека набрзо следел уште еден силен потрес од 6,4 степени според Рихтер.

Британските медиуми јавија дека епицентарот на потресот бил во близина на градот Мандалеј, на длабочина од 10 километри, а се случил утринава во 6 часот и 20 минути.

  • Веројатно поминаа 45 минути oд она што се случи, луѓето се уште се тука. Тоа се работници во продавници, работници во ресторани, луѓе од станови, жители и никој не знае што се случува. Никој навистина не сака да се врати, не е сигурен дали зградите се безбедни, изјави Џери Хармер  од Асошиејтед прес.

Засега нема информации за евентуални жртви.

Уништен е и историскиот мост на реката Иравади, изграден пред 91 година, за време на британскиот колонијален период, преку реката Иравади помеѓу регионите Мандалеј и Сагаинг. Мандалеј е вториот по големина град во Мјанмар и видеата што се објавуваат покажуваат целосен колапс после земјотресот од 7,7 степени.

Потресите беа почувствувани и во Бангкок, каде стотици луѓе излегоа на улиците.

Зградите се треселе, поради што многу луѓе биле евакуирани од нив, а една зграда во изградба била целосно урната.

Бангкок има 17 милиони жители, од кои многу живеат во високи згради.