Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Собир пред Собранието на иницијативата „Кој е следен“

/

пред 572 дена

Сподели преку :

Пред Собранието почна вториот граѓански собир во организација на Иницијативата „Кој е следен“, насловен „Народно собрание“.

Граѓанското движење ги повика граѓаните кои ќе присуствуваат да си понесат и столче.

Протестот следи откако Собранието две недели по трагедијата во Кочани прогласи пауза, односно во домот на демократијата не заседаваа ниту собраниските комисии, ниту се одржа пленарна седница.

Од Министерството за внатрешни работи вчера информираа дека поради одржување на протест пред Собранието, Единицата за безбедност на патниот сообраќај со почеток во 11 часот ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.

Оттаму апелираа до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

Од Иницијативата „Кој е следен“ вчера преку соопштение се оградија од политичките партии.

Последниот протестен марш на Иницијативата „Кој е следен“ се одржа на 24 март под мотото „Не само како поединци, туку како заедница“.

Приоритетни барања на Иницијативата се безбедни улици и градови, неселективен и правичен систем и едуцирана младина со морален компас во вистинската насока.