Сите осум пациенти кои се тешко повредени во пожарот во дискотека во Кочани, Северна Македонија, хоспитализирани во болницата Пирогов, веќе се екстубаирани. Ниту еден од пациентите не е на механичка вентилација, дел од нив користат маска за кислород, vвели директорот на болницата д-р Валентин Димитров.
Овој тип на изгореници и повреди се тешки и бараат долго лекување и опоравување, а секогаш постои ризик по живот, додаде тој.
– Нашата желба е што побрзо да им помогнеме на овие луѓе и да се вратат кај семејствата, но не можеме да кажеме колку долго ќе трае нивното лекување, порача Димитров.
Додаде и дека самиот третман е многу скап, бидејќи вклучува многу биопроизводи, многу антибиотици, и многу специфична опрема, но во конкретниот случај вели, не размислуваат за парите.
Прашањето колку чини и како ќе се плати воопшто не беше на дневен ред. Болницата е обезбедена со се што е потребно, вели д-р Димитров.











