Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Украински азилант изврши напад со нож во Амстердам

/

пред 569 дена

Сподели преку :

Украински државјанин од областа Доњецк, на истокот на Украина, е осомничен за напад со нож врз пет лица што беше извршен во четвртокот во центарот на Амстердам.

Жртвите за време на нападот биле по случаен избор.

Мажот бил уапсен набргу по инцидентот, а во неговото идентификување помогнале случајни минувачи.

Напаѓачот исто така ималповреда на ногата.

Полицијата соопшти дека уапсениот во средата изнајмил хотелска соба во Амстердам. Според информациите на надлежните, неговиот мотив засега останува нејасен.

Неговите жртви се 26-годишен маж од Полска, 73-годишна Белгијка, 19-годишна жена од Амстердам и 67-годишна жена и 69-годишен маж, двајцата американски државјани.

Полскиот државјанин вчера бил пуштен на домашно лекување, додека останатите жртви остануваат во болница но се во стабилна состојба.