Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Моќна експлозија го стресе центарот на Газа, Израел продолжува со воената офанзива

/

пред 568 дена

Сподели преку :

Моќна експлозијата го потресе центаралното подрачје на Газа, додека Израел ја продолжува својата офанзива во енклавата

Ударот беше снимена на камера во Деир ал Балах, и зад себе остави огромен кратер, недалеку од болницата Ал Акса.

Засега нема информации за жртви, но некои згради во близина се оштетени.

Исто така во саботата, израелската армија соопшти дека нападнала минофрлачка локација во Кан Јунис, јужна Газа, од каде што биле истрелани минофрлачки гранати врз нејзините војници.

Еден ден претходно, хуманитарните организации соопштија дека во израелски воздушен напад загинал еден од нивните доброволци во близина на хуманитарна кујна која делела оброци на опколените Палестинци во Газа.

Во нападот се ранети уште шест лица.

Минатата пролет, Израел уби седум хуманитарни работници од Светската централна кујна во Газа – тројца британски државјани, еден Австралијанец, еден полски државјанин, еден американско-канадски двоен државјанин и еден Палестинец.

Убиствата одекнаа низ целиот свет и поттикнаа повеќе добротворни организации да ја прекинат испораката на храна во Газа.

Од почетокот на овој месец Израел повторно го блокира влезот на секаква храна и друга помош во Газа.

Израел ја продолжи својата воена кампања на 18 март со бомбардирање во кое загинаа стотици Палестинци, главно жени и деца.