Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мицкоски го кани Филипче на средба

/

пред 571 дена

Сподели преку :

Наместо договор за лидерска средба, претседателот на СДСМ доби покана од премиерот, ако сака лично да му го образложи својот план.Средба во поширок формат, за Мицкоски е пресериозна работа,што не треба да се договара преку медиумите.

За него е рано да се разговара и за заеднички кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во Кочани, идеја што Венко Филипче најави дека ќе ја предложи на лидерската средба, доколку се одржи.

Филипче најави дека, на лидерската што би ја иницирал следната недела, еден од главните предлози ќе му биде, партиите предводени од  СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да застанат зад заеднички, независен кандидат за градиначалник на локалните избори во Кочани. Смета дека, по трагедијата, граѓаните бараат натпартиска соработка.

Во агендата му се повеќе теми, меѓу кои и реформи во здравството,  образованието, администрацијата и правосудството.Најави и дека ќе бараат Анкетна комисија во Собранието, за што Мицкоски рече дека се подготвени да се формира, но да се разгледаат и другите случаи како „Ласкарци„, „Беса Транс„ и „Модуларната болница„.

За него е несфатливо зошто од опозицијата не се задоволни од начинот како Обвинителството ја води истрагата, кога обвинителот Коцевски кобното утро пристигнал во Кочани со соработниците Ислам Абази и Гаврил Бубевски, избрани во нивно време. Појасни дека се повлекле од смената на Коцевски поради чувствителноста на ситуацијата, но дека тоа повлекување нема да биде трајно.

Од СДСМ, пак, секојдневно бараат проширување на истрагата и со актуелни функционери, но и одговорност од раководството на МВР.

Останатите партии се против или воздржани за идејата за заедничка средба на лидерите. ДУИ ја условуваат со формирање на Анкетна комисија, „Вреди„ се против, а „ЗНАМ„ и Левица ја чекаат официјалната покана за да заземат став.

Далиборка Демјанска