Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Покана за воена служба што ќе собере 160.000 Руси – Путин потпиша указ за регрутација

/

пред 567 дена

Сподели преку :

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за регрутација на руски државјани на возраст од 18 до 30 години во воена служба од 1 април до 15 јули.

„Одредувам дека од 1 април до 15 јули во 2025 година ќе се спроведе покана за служење на воен рок на државјани на Руската федерација, на возраст од 18 до 30 години кои не се во резервниот состав и подлежат на повик за воена служба“, се наведува во указот.

Се додава дека со указот се планира да се регрутираат 160.000 Руси.