Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Десетина повредени по експлозија и пожар во зграда во Детроит

/

пред 566 дена

Сподели преку :

Десетина луѓе се повредени, меѓу кои шест деца, по експлозија и пожар во двокатна станбена зграда во Детроит, Мичиген. Според пожарникарите, експлозијата била пријавена околу 4 часот наутро.

Кога пристигнаа на местото некои од луѓе стоеле на прозорците на зградата „на некој начин подготвени да скокаат“, соопшти пред новинарите комесарот на противпожарните служби Чак Симс.

Тројца од повредените биле во ист стан и се здобиле со критични изгореници. Зградата имала 12 стана, а експлозијата најверојатно се случила на долниот кат.

По гасењето на пожарот со помош на термален дрон се пребаруваше местото за да се провери дали има уште некој преживеан во опожарениот објект. Истражителите работат на утврдување на причините што доветоа до пожарот.