Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Денеска е први април – Денот на шегата

/

пред 551 дена

Сподели преку :

Денеска се одбележува први април – Денот на шегата. Ова не е национален празник, но насекаде во светот се прославува како ден кога многумина прават шеги и будалаштини.

Вообичено, на овој ден во земјава дефилираат најмладите маскирани во суперхерои, принцези, бубамари, пчелки, готвачи, лекарки, како и ликови од цртани филмови.

Денот на шегата се прославува различно во светот. Во Канада, Нов Зеланд, Обединетото Кралство и Јужна Африка, шегите траат до пладне и оној кој прави трикови после пладне го нарекуваат „априли-ли-ли“ и го исмеваат, додека во Франција, Италија, Јужна Кореја, Јапонија, Русија, Холандија, Германија и други држави, луѓето се шегуваат во текот на цел ден.