Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски со критики за министерот за правда кој доаѓа од ЗНАМ- Филков има слаби перформанси

/

пред 550 дена

Сподели преку :

Министерот за правда Игор Филков има слаби перформанси и слаб придонес во областа, оцени во ТОП Тема на Телма, Антонио Милошоски пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и потпретседатеч на Собранието. Филков е министер од редовите на ЗНАМ, најмалиот коалиционен партнер во владата предводена пд ВМРО-ДПМНЕ.

-Ова е мој личен став. Јас сметам дека министерот за правда има слаби перформанси по однос на обврските коишто ги има преземено за реформите во правосудството, рече Милошоски, во ТОП ТЕМА на Телма вечерва.

Пратеникот додаде дека во област и ресорот правда „има навистина слаб придонес од страна на Филков”.

Ова е првпат, претставник на ВМРО-ДПМНЕ да упати критики за министер на ЗНАМ на јавна сцена како лично мислење. ЗНАМ на Максим Димитриевски има двајца министри во владата на премиерот Мицкоски.

Претходните денови, министерот за здравство Арбен Таравари ги потврди шпекулациите за размислувања во Вреди за престројување пред локалните избори во коалицијата составена пд 4 партии кои се дел од владата.