Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Вардар го доби најлесниот ривал во полуфиналето на Купот

/

пред 550 дена

Сподели преку :

Познати се полуфиналните двојки во фудбалскиот Куп на Македонија. Во оваа фаза од натпреварувањето се играат по два натпревари, за разлика од претходните рунди. 

Денеска во просториите на Фудбалската федерација на Македонија со ждрепка беа одредени полуфиналните двојки во Купот. Најтрофејниот македонски клуб ќе ги одмери силите со Брера, додека далеку поинтересно се очекува да биде на пресметката моменталниот лидер на табелата во Првата лига, тимот на Шкендија и актуелниот шампион Струга. Првите натпревари се играат на 9 април, додека реваншите се закажани за 23-ти истиот месец.
Интересно од сите учесници во полуфиналето само Струга го нема освоено пехарот во својата историја, а еднаш загуби во финале од Македонија Ѓорче Петров на пенали во 2023 година. 

Брера има еден трофеј од периодот кога клубот се викаше Академија Пандев и славеше во Купот во 2019 година, Шкендија има два пехари, а последен пат се радуваше во 2018 година, додека Вардар и натаму е најтрофеен со пет Куп титули, но последната ја освои во 2007 година. 

ФОТО: Игор Паневски