Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Тројца мажи од кривопаланечко Луке осомничени за убиство на 84-годишен маж, кој бил пријавен за исчезнат

/

пред 568 дена

Сподели преку :

Тројца мажи од кривопаланечкото село Луке се осомничени за извршено убиство на 84-годишен маж, кој бил пријавен за исчезнат. Како што стои во полицискиот билтен, телото било пронајдено закопано во близина на неговата куќа. Се чека обдукцискиот наод за расчистување на случајот.

„На 01.04.2025 во 18:25 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка ги лишиле од слобода З.Ф. (24), С.Ф. (19) и С.Ф.(44) од село Луке, кривопаланечко. Тие се сомничат дека го убиле Љ.С. (84) од село Луке, кој на 29.03.2025 бил пријавен за исчезнат. Телото на Љ.С. било пронајдено закопано во непосредна близина на неговата куќа во с. Луке, а увид извршила екипа од СВР Куманово. По насока на јавен обвинител, телото е предадено за обдукција, а по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“, објави МВР.