Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд – Временска прогноза за 4.4.2025

/

пред 550 дена

Сподели преку :

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, локално поројни и со услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 2 до 8°C, а максимумот од 12 до 18°C.

Информација од утрово:

Минимална температура (во °C)

0 Попова Шапка, 2 Лазарополе, 3 Маврови Анови, 4 Крушево, 5 Претор,  Радовиш, 6 Берово, Тополчани, Пожаране, 7 Крива Паланка, Прилеп, Охрид, 8 Битола, Тетово, 9 Куманово, Виница, Струмица,  10 Штип, Демир Капија, 11 Скопје – Петровец, Кавадарци, Велес, Ѓевгелија.

Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)

4 Демир Капија, Берово, 3 Битола, Прилеп, 2 Тополчани, Пожар-Радовиш, 1 Скопје-Петровец, Струмица, Крушево, Попова Шапка.

Забелешка: Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C)

Охридско Езеро 9.0, Преспанско Езеро 6.0, Дојранско Езеро 15.5.

Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/