Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Помилуван поранешниот помошник министер во МВР, Ѓоко Поповски

/

пред 567 дена

Сподели преку :

Поранешниот помошник министер во министерството за внатрешни работи (МВР), Ѓоко Поповски е делумно помилуван со одлука од претседателката Гордана Сиљановска Давкова. Со тоа, Поповски делумно се ослободува од натамошно издржување на неиздржаниот дел од заедничката затворската казна за случаите „300“ и „Тенк“, отворени од поранешното Специјалното јавно обвинителство.

За случајот за набавка на 300 возила за потребите на МВР, Поповски, во мај во 2018 година, беше првостепено осуден на девегодишна затворска казна, но Апелација во декември истата година ја укина првостепената пресуда и случајот го врати на повторно судење.

Во октомври во 2019 година, Поповски повторно доби девет години затворска казна, што Апелација ја намали на пет години. Екс помошникот министер во МВР беше обвинет од поранешното СЈО дека извршил набавка на 300 возила за МВР во периодот од 2008 до 2012 година, при што не ги почитувал законските прописи за јавна набавка и го оштетил буџетот 453.570 евра.

За случајот „Тенк“, за набавката на мерцедесот, Поповски доби 4,5 години затвор, додека поранешниот премиер Никола Груевски, како поттикнувач за извршување на делото доби две години затвор.

Поповски за двата случаја бара споена казна и ублажување, по што добива една заедничка казна затвор од осум години и два месеца, што потоа Апелација ја намалува на седум години затвор. Во Одлуката на Сиљановска Давкова, се помилувани осум лица, од кои четири целосно, а четири од делумно извршување на казната.