Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бројот на жртви во земјотресот во Мјанмар надмина 3.000

/

пред 564 дена

Сподели преку :

Бројот на загинати во земјотресот што го погоди Мјанмар пред, речиси, една недела се искачи на 3.085, соопшти воената хунта што ја води земјата, која ја повика опозицијата со која војува за привремен прекин на огнот.

Во кусото соопштение, властите соопштија дека 4.715 лица се повредени, додека 341 лице се води како исчезнато. Епицентарот на земјотресот со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала бил во близина на Мандалеј, вториот по големина град во Мјанмар.

Земјотресот беше почувствуван и во соседен Тајланд, каде од јачината на потресот беше целосно уништен еден облакодер во градба, а беше предизвикана материјална штета и на други објекти. На градилиштето во Бангкок загинаа 20-тина лица, а голем дел сè уште се водат како исчезнати, додека паралелно трае спасувачката акција и потрага по тела на загинати.