Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

КЗК финишира со картелското здружување на осигурителните компании

/

пред 566 дена

Сподели преку :

Дали имало картелски здруженија или не ќе се знае наскоро, бидејќи во Комисијата за заштита од конкуренција веќе финишира една од двете постапки кои се водат, дознава Телма.
Во предметот кој е отворен за осигурителните компании кои картелски се здружиле и договориле да ги зголемат режиските трошоци при регистрацијата на возилата, десетте осигурителни компании се изјасниле во однос на прелиминарното решение и ги доставиле своите аргументи и податоци. Затоа Комисијата идната недела ќе го достави финалното решение во кое ќе биде ставена и глобата а максималната казна која може да им се изрече е 30 отсто од приходот во периодот кога беа зголемени премиите за авто осигурување за 15 проценти.

На ова решение осигурителните компании имаат право на жалба и потоа се носи конченото решение од Комисијата.

Постапката беше отворена минатата година на барање на министерството за финансии а откако десет осигурителни компании, во периодот меѓу двата изборни круга ги зголемија премиите за авто одговорност, но на седница на Влада беше укината и беа воведени лимити на трошоците.

Од осигурителните компании пак брифираа дека имале законска можност да ја зголемат цената за автоодговорност или режискиот додаток, кој всушност претставува трошоците во работењето а бил на сила од 2008 година, бидејќи условите на пазарот налагале промена.

За вториот предмет, кој се однесува картелско здружување на четири големи ланци на маркети како и Сојузот на Стопански Комори сеуште трае постапката по прелиминарното решение и ланците маркети како и Комората ги изнесуваат своите аргументи и доставуваат податоци.

Во решението на Комисијата стои дека ланците марките и Сојузот на Стопански комори на почетокот на февруари се договориле да не примаат нови ценовници од добавувачите до крајот на март.

За овој прекршок, односно картелско здружување, казната се движи до 10 проценти од вредноста на вкупниот годишен приход остварен во последната деловна година, изразена во апсолутен и номинален износ  и може да изнесува и над 40 милиони евра.

Oгнен Чанчаревиќ