64 годишниот Б.С., жител на Македонски Брод, осомничен е за силување на дете кое не наполнило 15 години, а полицијата денеска до обвинителството му поднесе кривична пријава. Б.С кривичното дело го извршил двапати во неполн месец.
На седми март, а го повторил и вчера на трети април, откако Центарот за социјални работи во Македонски Брод, првиот пат не постапил по пријавата на сведоци на настанот дека 64 годишниот маж го злоупотребува малолетното девојче. Од битолската полиција соопштија дека ќе се проверува зошто затаиле службите во овој случај.
„На настанот од 03.04.2025 му претходел ист таков настан на 07.03.2025 од Б.С. кон истото девојче, за што од страна на очевидци било пријавено во Центарот за социјални работи во Македонски Брод, но од нивна страна не биле преземени никакви мерки, за што ќе следат дополнителни активности за целосно расчистување на настанот“, соопштија од СВР Битола.
Од страна на судија на претходна постапка на 64 годишниот жител од Македонски Брод му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена, по што е спроведен во Затвор Битола.
Емилија Мисирлиевска











