Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Од полноќ нови пониски цени на горивата

/

пред 550 дена

Сподели преку :

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,87 % во однос на одлуката од 1.04.2025 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 0,730%, кај дизелот за 1,046%, кај екстра лесното масло за 1,189%  и кај мазутот намалувањето е за 1,815%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,4386%.

Од 8.4.2025 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Стари цени Нови цени
Од 02.04.2025 Од 08.04.2025
Дериват ден/лит ден/лит
ЕУРОСУПЕР БС  – 95 76,50 76,00
ЕУРОСУПЕР БС  – 98 79,00 78,50
ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д– E V) 69,00 68,50
ЕКСТРА ЛЕСНО 1 (ЕЛ-1) 69,00 68,50
БИОДИЗЕЛ Б6 БС 70,00 69,50
МЕТАН 66,50 ден/кг 66,50 ден/кг
АВТОПЛИН 46,00 ден/кг 46,00 ден/кг
МАЗУТ 41,705 ден/кг 41,025 ден/кг

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,680 ден/кг и сега ќе изнесува 41,025 ден/кг.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 8.4.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.