Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

За три години се потрошени 4,3 милиони евра, а не е отворена ниту една градинка, заклучија ревизорите

/

пред 544 дена

Сподели преку :

Владата троши пари за изградба на детски градинки, но додека да бидат пуштени во употреба, децата веќе размислуваат каде да се запишат во средно.

Државниот завод за ревизија изврши анализа на јавните инвестиции за обезбедување капацитети и услови за детска заштита во детските градинки од 2020 до 2024 и констатира значајни слабости во планирањето, управувањето и реализацијата на инвестициите, што резултира со недоволна искористеност на вложените средства.

Поради доцнењето со изградба на нови и проширување на старите градинки, над 4.000 деца чекаат место за градинка, а групите некогаш имаат двојно повеќе деца од предвиденото.

Од 2021 до 2024 година биле потрошени 4,3 милиони евра за изградба на седум нови градинки, но ниедна не е пуштена во употреба.