Корупцијата останува главен проблем на Македонија, а за тоа прашање многу малку е направено во пракса.
Ова го констатираше евроамбасадорот Михалис Рокас кој се осврна на Реформската агенда на патот кон ЕУ, со пораката дека и покрај некои охрабрувачки знаци, потребни се брзи реформи и независно судство, без политички влијанија.
Од амбасадата на САД порачуваат – потребна е политичка волја за реформирање на правосудството.











