Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(ФОТО+ВИДЕО)Граѓаните собираат потписи за референдум против Регионална депонија кај Битола

/

пред 561 дена

Сподели преку :

Граѓаните  кои се против изградба на Регионална депонија во близина на РЕК,  започнаа постапка за собирање потписи за спроведување референдум во општините Битола, Могила и Новаци. И денеска излегоа на протест пред Општина Битола и повторија дека бараат промена на локацијата, затоа што не веруваат дека депонијата ќе работи според еколошки стандарди.

Протестот се одвиваше додека се одржување редовна седница на Советот  на Општина Битола, па дел од протестирачите со транспаренти СТОП за депонија влегоа во салата за да ја упатат пораката  до советниците.

Претходно градоначалникот побара поддршка за овој значаен проект за Битола и најави транспарентна постапка за негова реализација.