Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Димитриеска-Кочоска: Македонија може да ја искористи ситуацијата за зацврстување на односите со САД

/

пред 546 дена

Сподели преку :

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска вели дека актуелната глобална економска ситуација, вклучително и новите царини од САД, може да се искористи како шанса за Македонија да ги зацврсти врските со САД и да го зголеми извозот.

Таа на економскиот форум Делфи што се одржува во Грција истакна дека би било корисно доколку се создадат услови за договор за слободна трговија со САД, имајќи ја предвид добрата комуникација со Вашингтон.

Иако моментално трговијата со САД е под 1% од вкупната надворешна размена, министерката гледа потенцијал за раст. Таа нагласи дека глобализацијата го достигнала својот максимум и дека светот се движи кон нови форми на економска соработка, со фокус на регулативи, ефикасна администрација и иновации. Паралелно, најави ребаланс на Буџетот престојново лето, со претходна „мини прераспределба“ на средства по завршувањето на јавниот повик за општините.