Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Само едно застанување за пасошка контрола- од денеска почна One stop систем на преминот Блаце кон Косово

/

пред 540 дена

Сподели преку :

Денеска свечено беше пуштен во употреба системот на заеднички гранични проверки „One Stop Shop“ на граничниот премин меѓу Македонија и Косово, „Блаце – Елез Хан“.

Во делегациите на двете земји на настанот беа премиерите на Македонија и на Косово, Христијан Мицкоски и Албин Курти, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и министерот за внатрешни работи на Косово, Џелал Свечла.

Премиерот Мицкоски рече дека осовременувањето на граничниот премин е отворање на нова перспектива за граѓаните, стопанството и за регионот.

Косовскиот премиер Албин Курти посочи дека по подолг период ангажманот и посветноста резултирале со проекет од голема важност за граѓаните на Северна Македонија и на Косово.