Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ивановски 13-ти на маратонот на Европското првенство на трки на пат

/

пред 539 дена

Сподели преку :

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски заврши на 13-тото место на маратонската трка на првото Европско првенство на трки на пат, што се одржа викендов во Брисел и Лувен, Белгија. 

Ивановски маратонската трка ја истрча со време од 2 часа, 14 минути и 2 секунди, што беше доволно за 13-тото место од 41 натпреварувач. Победи Илијас Ауани од Италија со време од 2 часа, 9 минути и пет секунди, а по него следуваа двајца Израелци, Гашау Ајале и Мару Тефери.

На ова Европско првенство на трки на пат, Македонија имаше уште еден претставник, Адријана Поп Арсова. Таа настапи на трката на 10 километри и го освои 74-тото место од 85 натпреварувачки, а оствари време од 35 минути и 15 секунди. 

ФОТО: Игор Паневски