Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Гаџа парафираше за Вардар на две сезони, Векиќ до 2024 година

/

пред 2279 дена

Сподели преку :

Вардар идната сезона ќе има значително поинаков тим од претходната, поради многуте заминувања, но исто така и многуте нови играчи.

Македонскиот тим денеска официјално ги претстави хрватските интернационалци Анте Гаџа и Јосип Векиќ. Двајцата доаѓаат од таборот на Загреб.

Централниот бек Гаџа потпиша двегодишен договор со „црвено-црните“, додека 22-годишниот Векиќ, кој игра како десен бек доби договор до 2024 година.

Нови засилувања за Вардар се и голманот Робин Кантегрел, потоа македонските репрезентативци Филип Талески, Гоце Георгиевски и Томислав Јагуриновски, Ловро Јотиќ, пикерот Патрик Валчак и искусниот Марко Вујин.

Подготовките за новата сезона Вардар ги почнува на 18 јули во Скопје.