Растот на цените на становите што го прикажуваат анализите на НБРМ не е реален, бидејќи се базира на огласени цени на станови што се нудат за продажба, а не на продадени станови, тврди Андреа Серафимовски, од Стопанската комора на Македонија.
Според него не станува збор за градежен картел кој ги диктира цените туку за пазарна логика во која луѓето се подготвени да платат и нереално високи цени за да дојдат до стан.











