Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ДКСК: Министерот за внатрешни работи има широка дискрециона моќ за унапредување на вработените

/

пред 554 дена

Сподели преку :

Антикорупциската комисија утврдила дека на министерот за внатрешни работи му е овозможена широка дискрециска моќ да ја уредува постапката за унапредување на вработените преку подзаконски акт, без прецизни законски рамки, што може да влијае врз Мерит системот и интегритетот на самиот процес.

Ризиците, според антикорупциска, произлегуваат од недопрецизираните одредби за роковите за пријавување на интерните огласи. Од комисијата препорачуваат, покрај максималниот рок од седум дена за пријавување по интерниот оглас, да се дефинира и најкраткиот рок.