Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Десет дискотеки и кабареа во моментов смеат да работат во Македонија  

/

пред 553 дена

Сподели преку :

Сите ноќни клубови во Скопје се затворени на 30 дена поради неисполнување на дел од минимални технички услови а на осум им се изречени и парични казни, покажуваат документите на пазарната инспекција до кои дојде телевизија Телма. Само два од десетте контролирани кабареа или диско клубови имале активна лиценца, на дел им била одземена а дел воопшто и не ка почнале процедурата за издавање на лиценца.

Според информациите на „Телма“ контролите на пазарната инспекција се почнати уште во јануари и траеле заклучно со вчера. Решение за привремена забрана во траење од 30 дена вклучувајќи и глоба им се изречени на  „Евент ЦС Парк“, „Мусандра“, „ Мецо“, „Салун“, „Минус 1“, „Епицентар“ и двата објекти на „Станица 26“ додека на „Пјур“ и „Маракана“ имале активни лиценци но се затворени поради неисполнување на минималните технички услови.

По контролите на пазарната инспекција и Дирекцијата за заштита и спасување утврдено е дека само шест објекти ги исполнуваат сите услови за работа – кабареата „Тарантино“, „Клик“, „Централ“, „Пријателство  и дискотеките „Роше“ и Хаш“. Во моментов на територијата на целата држава функционираат вкупно десет кабареа бидејќи четири во меѓувреме ги отстраниле регистрираните

За тринаесет објекти – кабареа и дискотеки, пазарната инспекција испратила информација до министерството за економија во која се бара одземање на лиценцата поради регистрирани неправилности и пропусти.

Од Економија соопштија дека во контролите се издадени 360 платни налози во вкупна вредност од 3,4 милиони денари.

Законските измени се привршуваат и наскоро ќе бидат доставени до Владата и во измените ќе се предлага формирање на Комисија во која ќе бидат вклучени сите инспекторати, економија и МВР а кои ќе ги вршат проверките на поднесената документација и контрола во самите објекти кои бараат лиценци.

Огнен Чанчаревиќ