Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Роботот „келнер“ во Хавана стана „ѕвезда“ на интернет

/

пред 535 дена

Сподели преку :

И покрај тоа што Куба продолжува да се бори со прекини на струја, еден ресторан во Хавана донесе храбра одлука да ја прифати технологијата на 21 век.

Роботот келнер стана новата ѕвезда на ресторанот „Дона Алисија“.

Гостинката во ресторанот, Соња Перез вели дека се чувствува како да е во филм.

Таа погледна во дигитално мени, со помош на гласовниот асистент направи нарачка, а робот и донесе храна.

Иако автоматизацијата во рестораните може да биде вообичаена во другите делови на светот, во Куба, тоа е ризичен облог поради честите прекини на електричната енергија и недостатокот на специјализирано одржување и резервни делови.

Дона Алисија беше отворен пред седум години и постепено почна да воведува технолошки иновации.

Прво на масите беа поставени таблети, потоа веше воведена услугата „Alexa“ а сега и робот.

Интернетот доцна дојде на Куба во 1990-тите и стана широко достапен на мобилните телефони во 2018 година. Денес, над 70% од населението е онлајн.