Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кривична за екс-градоначалник на Лозово, со пари на општината финансирал пешачка патека која не била изградена

/

пред 544 дена

Сподели преку :

Поранешниот градоначалник на општина Лозово, Ацо Велковски, и две други лица од Скопје добија кривична пријава поради основано сомнение за злоупотреба на службена положба и овластување.

Според истрагата, во ноември 2018 година, додека тој бил на функцијата, распишал јавна набавка за изградба на пешачка патека на улица Октомвриска револуција.

За најповолен понудувач било избранo правното лице од Студеничани, кое назначило едно лице за управител на градбата, и уште едно како надзорен орган кој го потпишал градежниот дневник.

Градежните работи, завршени во март 2019 година, биле документирани така што во записите било внесено дека се поставени 381 м² бехатон-плочки, иако тоа не било точно.

Вкупната вредност на фиктивно извршените работи изнесувала 205.800 денари, кои, иако знаел дека не се реално изработени, Велковски дозволил да бидат исплатени – со што директно ја оштетил општинската каса“, велат од МВР.

Инаку поранешниот градоначалник на Општина Лозово веќе е осуден на една година и шест месеци затвор и е задолжен да исплати 2.285.044 денари како оштета на општината.