Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Укинат куќниот притвор за екс директорите на ДПИ, добија мерки на претпазливост

/

пред 551 дена

Сподели преку :

На прелдог на обвинителството кочанскиот суд им го укина куќниот притвор на екс директорите на ДПИ, Анета Симеска Димоска и Горан Трајковски . Само неколку дена откако обивнителството предложи на Трајковски да му биде сменет ефективниот притвор со куќен, следуваше и предлог за мерки на претпазливост за него и за неговата претходничка.

Замената на мерките е побарана врз основа на проценка на законските основи за обезбедување и фазата на проверки во однос на оваа институција, велат од ЈО.

Од судот  потврдија и дека вакви мерки добил и уште еден од осомничените поврзан со дискотеката кој до сега бил на болничко лекување.  Претходно поблаги мерки добија и други осомничени меѓу кои полицајци и инспектори  а во куќен притвор отиде и екс градоначалникот Папазов .

Истрагата за трагедијата Кочани која се води веќе еден месец достигна над 50 осомничени за Тешки дела против општата сигурносат . Обивнителстовто ги исцтрува контурите на одговорноста, експертската јавност анализира.

Каузалитетот тешко ќе помине на суд а обивнителството “си пука” во нога со масовни постапки смета професорот Гордан Калајциев, кој ги истакна и лошите искуства со големите предмети на СЈО, 27 април, Змиско око и други. Во истрагата гледа и селективност

Овие правни гимнастики што се прават тешко ќе поминат пред суд и мене ми личи дека повеќе се прави приредба да се задоволи јавноста и да се добијат поени пред локалните избори. Инаку е многу тешко  толку широк круг на луѓе да се третираат како соизвршители во неповрзани периоди меѓу себе и да им се стави на товар таква тешка последица…Очигледно овде се бутка со сила под една квалификација, која е врзана со последицата,  со некаква проблематична теорија за каузалност, наводна верижна одговорност за лица кои едни со други немале никаква директна поврзаност. И малку лаички е пристапот, во смисла сега  ќе покажеме дека сме сериозна држава и од денеска нема лабаво. Тоа не е така, правото бара кон кретни услови за одговорност, вели универзитетскиот професор Гордан Калајџиев.

Конкретна одоговорност гледа и кај полицијата

Обвинителството планира истрагата да ја заврши во рок од 3 месеци. Истрагата ја води тим од 13 обивнители а се покрај директната одговорност исажува и одговорноста и  на оние кои дозволиле Пулс да работи без исполенти услови

Елена Ивановска Мукоска