Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Лавров: Русија е подготвена да земе улога во разговорите меѓу Иран и САД

/

пред 548 дена

Сподели преку :

Русија е подготвена да одигра каква било улога во преговорите меѓу Иран и САД за потенцијалниот нуклеарен договор, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров по разговорите со неговиот ирански колега Абас Аракчи во Москва.

„Подготвени сме да помогнеме, да посредуваме и да одиграме каква било улога што, од гледна точка на Иран, ќе биде корисна и која ќе биде прифатлива за Соединетите држави“, рече Лавров.

 

„Ние тргнуваме од фактот дека единствената опција за договор, како што рече министерот, е договор исклучиво за нуклеарни прашања“, додаде тој, нагласувајќи дека тоа е „фундаментална точка“.

Во воведниот говор на разговорите Лавров спомена дека рускиот претседател Владимир Путин е „многу задоволен“ од вчерашната средба со Арачи.

„Вчерашната средба ја истакна невидената динамика на нашиот политички дијалог“, рече Лавров.

Аракчи одговори дека пораката од иранскиот врховен лидер Али Хамнеи што му ја пренел на Путин „е испратена како сигнал до целиот свет дека Иран ја смета Русија за свој стратешки партнер и важен сосед“.

„Можам да потврдам дека позициите и пристапите на Иран и Русија низ историјата никогаш не биле толку блиски и слични како денес“, додаде тој.